-->
-->
Приведен жител на Јегуновце кој со возило загрозувал учесници во сообраќај и полицајци
-->
Полицијата вчера привела жител на тетовско Јегуновце кој бил пријавен од други возачи поради загрозување на сообраќајот, а кој потоа се обидел физички да ги нападне полицајците.
– Околу 20:20 часот на регионален пат Тетово-Јажинце, кај село Пршовце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(44) од тетовско Јегуновце затоа што со своето возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки ги загрозувал другите учесници во сообраќајот. Потоа агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од СВР Тетово.
Тој бил приведен во Полициска станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Девојка пријавила дека била нападната од другарка додека се возеле во такси
-

Малолетници затекнати пијани во локал во Карпош, едно лице пренесено на Токсикологија
-

Уапсени двајца гостиварци за трговија со дрога, при претрес пронајдени шест пакувања кокаин
-

Шест возачи приведени во изминатото деноноќие за безобѕирно управување со моторно возило
-

Марихуана, кокаин и прашкасти материи пронајдени на повеќе локации, приведени пет лица
-

Хамилтон стартува од полпозицијата во Мексико Сити
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
