Македонија
24. April 2021 - 17:26

Приведен жител на Липково кој возел со фалсификувана возачка дозвола

Вчера во 17.10 часот во Полициската станица Дебар бил приведен Ф.Б.(57) од општина Липково.

Како што соопштуваат од МВР, при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.