Приведени четворица фудбалери кои се степале по фудбалски натпревар во Тетово
Четворица фудбалери на второлигашите Тетекс и Кадино завршија во полициска станица после првенствниот натпревар поради физичка пресметка помеѓу играчите од двата тима, информира денес СВР Тетово.
– Полициски службеници ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на ФК „Тетекс“ и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на ФК „Кадино“ од истоименото скопско село, а поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи. Покрај тоа, Д.М. со пластично шише удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија. Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Дуелот заврши со нерешен резултат 1-1. Во текот на натпреварот имаше и голем број вербални конфликти помеѓу фудбалерите. Во овој преоден рок фудбалери имаше преминување од Кадино во Тетекс и обратно.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален