Македонија
14. September 2023 - 14:34

Приведени дрвокрадци од Неготино

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност синоќа на местото наречено  „Чардак“, неготинско  ги лишиле од слобода А.А.(23) и Р.Д.(29), двајцата од Неготино.

Како што известуваат денеска од МВР, при преглед во патничко возило „опел“ кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер“ кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација, а дрвата и возилата им биле одземени за понатамошна постапка.

Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.