Македонија
22. July 2023 - 9:31

Приведени дрвокрадци во прилепско

Вчера во периодот од 02.00 до 10.00 часот во реонот на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во координација со полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.М.(33), Ф.Ц.(28) и Н.Б.(25), сите од Прилеп, информира МВР.

Како што посочуваат оттаму, тие биле затекнати како со три возила превезуваат нежигосани огревни дрва без документација, притоа дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.