-->
-->
Приведени двајца дрвокрадци во Ресенско
-->
– Двајца жители на ресенското село Арвати, 36-годишен И.К. и 69-годишен И.М., во петокот во реонот на Полициска станица Маркова Нога биле уапсени поради основано сомнение дека вршеле нелегална сеча на дрва во близина на селото Арвати.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при нивното приведување биле запленети дрва и две моторни пили.
Од слобода ги лишиле полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со Шумска полиција од Ресен.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андоновски: Со или без балансер правична застапност треба да има
-
Филипче: Власта има обврска да сподели информации
-
Наскоро нови 500 милиони евра од Унгарија
-
ДКСК: Синот на Мицкоски сам си платил за престојот во САД
-
Раскинат договорот со фирмата која ги хранеше војниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичари: Ако се укине балансерот, можни се турбуленции во политиката
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во тетовско Слатино