Приведени двајца криумчари на мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје
Денеска (22.12.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода А.Ј.(22) и М.Д.(19), двајцата од Штип, затоа што во товарното возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., а М.Д. бил совозач, биле пронајдени 12 мигранти (7 од Сирија, 2 од Египет и 3 од Пакистан).
Околу 13.10 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај наплатна станица Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото, но тоа не застанало и продолжило со движење, но , набргу возилото било запрено.
Лицата се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите.
А.Ј. и М.Д. биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови