Приведени двајца разбојници, расчистени четири кривични дела
СВР Скопје на 1-ви овој месец приведе двајца малолетници од село Батинци осомничени за сторени четири кривични дела „разбојништво“.
Првото кривично дело, соопшти денеска МВР, е извршено на 20.10.2019 во 02:00 часот, при што на Х.Е.(39) од Скопје на ул.„1“ бб во скопското село Батинци, во близина на угостителски објект, со закана му биле одземени пари од две лица кои ги превезувал со такси возило. Потоа, на 22.10.2019 околу 23:40 часот во село Батинци, скопско, во близина на месноста викана „Јурија“, на З.Д.(53) од Скопје, на таксист кој превезувал две лица, откако едното лице се симнало од возилото, другото со закана му одземло пари.
Третото кривично дело се случило на 24.10.2019 во 21:00 часот, врз такси превозникот Д.К.(57), на кој во село Батинци, над Дрисла, со употреба на сила му биле одземени пари, при што бил и физички нападнат.
Како што соопштио МВР, на 29.10.2019 во 21:40 часот било извршено четвртото кривично дело од страна на двајцата приведени малолетници, при што на А.Т.(55), таксист, на регионалниот пат Скопје – Козјак, во близина на угостителски објект, со закана му биле одземени пари и лични предмети од двете лица кои ги превезувал.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домовите на Н.М.и В.Ш., родители на малолетниците, во село Батинци и одзеле предмети кои биле користени при извршување на разбојништвата.
Со приведените малолетници, во присуство на родители, јавен обвинител за малолетници и адвокат извршен е разговор со нив, при кој тие ги признале делата, а воедно извршено е и препознавање на сторителите од страна на оштетените. По комплетно документирање на случајот ќе следува кривична пријава.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар