Приведени две лица барани по потерница
Полицијата вчера и денеска приведе две лица од Скопје, Д.Д.(39) и М.А.(41), барани по потерница за доиздржување на затворска казна.
Од МВР информираат дека денеска во Скопје бил лишен од слобода скопјанецот Д.Д.(39). Лицето се барало со Централна потерница, а по наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 26 јули годинава за бегство од Казнено поправна установа Идризово, каде издржувал казна за сторено кривично дело „измама“, осуден на казна затвор во траење од пет години и девет месеци.
Лицето е предадено во ПС Аеродром за понатамошна постапка.
- На 9 август, вчера, во 17:40 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во село Студеничани, скопско, приведено е лицето М.А.(41) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница, а по наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 15 март 2024 година за приведување поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил осуден на казна затвор во траење од седум години и шест месеци, при што за доиздржување има уште една година, шест месеци и 20 дена, соопштуваат од полицијата.
Лицето е предадено во ПС ОН Драчево за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели