Приведени крадци од Боговиње

Во село Долно Палчиште, општина Боговиње, вчера во 12.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од село Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од село Селце Кеч.
МВР денеска соопшти дека тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини.
Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
