Приведени малолетници, превезувале мигранти од Египет

На 03.01.2026 околу 19:00 часот на влезот на Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица лишија од слобода 15-годишник од с.Тркање, кочанско и 16-годишник од с.Будинарци, беровско, со престој во Виница.
Претходно, околу 18:40 часот била забележана група од шест мигранти кои се движат од Грција во Македонија, а откако навлегле на наша територија забележени се две возила кои се движет кон мигрантите, при што пет од нив влегуваат во возилото „фиат стило“ со делчевски регистарски ознаки.
По преземени мерки возило е запрено на влезот на Гевгелија и констатирано е дека го управувал 15-годишникот, а 16-годишникот бил сопатник. Притоа, во возилото се пронајдени пет лица мигранти од Египет, од кои двајца малолетници. Набргу, во близина местото пронајден и лишен од слобода е М.Ј.(22) од Египет, кој бил водач на групата.
Додека, по преземени мерки и активности, во 21:40 часот на улица „Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронашле и сопреле и второто возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, по што, поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода се лишени 16-годишник со престој во Виница и Љ.П.(22) од Кочани, кое се превезувале во возилото.
Сите лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
