-->
-->
Приведени неколку лица низ Македонија поради марихуана
-->

Апсење во Прилеп, Гевгелија и Гостивар, полицијата привела неколку лица поради марихуана.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот полициски службеници од Полициската станица Прилеп на ул.„Дебарца“ во Прилеп го привеле Џ.А.(26) од Прилеп, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така на 07.11..2019 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на ул.„Бран Петрушев“ во Гевгелија ги лишиле од слобода П.П.(31) и Ѓ.Д.(18), двајцата од Гевгелија, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Х.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.02.2019 во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, мобилни телефони и 75.400 денари во разни апоени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана