Македонија
8. October 2020 - 12:24

Приведени седум дилери, запленето оружје, лабараторија за дрога, хероин и марихуана

Министерството за внатрешни работи во рамките на засилените активности и мерки во борбата против недозволена трговија со дрога и оружје, вчера заплени осум парчиња оружје, како и лабараторија за дрога, хероин и марихуана и притоа приведе седум лица.

Полициски службеници од Одделот за Криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на 07.10.2020 во координација со СВР Куманово СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, а по претходно обезбедени наредби за претрес од Основен суд Куманово и Основен суд Штип извршија претрес во домови и помошни простории во с. Којково- кратовско и во с. Злетово и ги приведоа Д.М. (25), З.М. (44), М.М., и Љ.М.. При претресите пронајдени се осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во с. Којково откриен е насад засаден со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадена во пластеници (високи од околу 2 м), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на марихуана во процес на сушење, сад во кој се вари марихуана, остатоци во кесиња од цедена марихуана. Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.

Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на Т.Ј. (26) од Велес и при тоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети. 

Во дополнителна акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес. На 07.10.2020 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица презеде мерки и активности и кај С.И. од Струмица пронајде 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица. Лицата се дале во бегство со возило бмв, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес и М.О. (34) од с.Бузалково.

Против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога и оружје и другите видови криминал.