Приведени скопјани барани со потерници
Полициски службеници денеска лишија од слобода двајца скопјани барани со потерници, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Во 5:10 часот на улицата „Алија Авдовиќ“, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода 48-годишниот Н.С., кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд - Скопје за затворска казна од три години и два месеца за сторено кривично дело во врска со член 396 од КЗ - неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
-Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа, потенцираат од Министерството за внатрешни работи.
Во 7:35 часот на улицата „134“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР - Скопје го лишиле од слобода 46-годишниот Б.Ѓ., кој бил баран со централна потерница по наредба на OJO - Скопје, во врска со член 215 од КЗ - неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што додаваат од Министерството, лицето ќе биде предадено на ОЈО - Скопје.
Ново на Сител
-
Украинските власти објавија национална воздушна тревога
-
27 годишен дечко и 28 годишна девојка се истепале пред кафана во скопски Аеродром
-
Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација
-
Почина македонскиот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите
-
Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен
-
Њу Делхи е најзагадениот град во светот, густата магла ги одложува летовите и поаѓањата на возовите