Македонија
8. September 2022 - 15:38

Приведени странски државјанки во акциска контрола во угостителски објект во Струга

При акциска контрола во угостителски објекти во Струга утрово затекнати се две малолетни лица, едно лице е приведено под дејство на алкохол кај кого во патничкото моторно возило пронајден е остар предмет и метален предмет – боксирач за што ќе следува и соодветна пријава.

Како што информира МВР, утврдено е непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории, како и неиздавање фискални сметки.

Затекнати се странски државјани без соодветна документација за регулиран престој, а шест странски државјанки без работна дозвола кај кои по извршен претрес биле пронајдени поголема сума на пари.

Акцијата била спроведена утрово од 1.20 до 5.00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност Оддел за криминалистичка полиција од Скопје, Одделот за специјални полициски операции, како и полициски службеници од Струга и инспектори од Одделот за странци во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд.