Приведени тројца тетовци за издржување затворски казни
Три лица од Тетовско кои требало да издржуваат затворски казни за разни кривични дела, а за кои имало соодветни судски наредби, биле приведени во текот на вчерашниот ден и утринава, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, М.А.(38) од Тетово кој се барал за издржување на вкупна затворска казна од 6 и пол години за „убиство во обид “ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ бил уапсен синоќа околу 20 часот и 30 минути.
Вчера попладне со судска наредба била лишена од слобода и Л.А.С. (58) исто така од Тетово за издржување затворска казна од 2 години и два месеци за „злосторничко здружување“. Двајцата биле предадени за издржување на определените казни во КПУ „Идризово“.
Во последниот случај утринава околу 4 часот и 30 минути во Полициската станица Тетово бил донесен и е задржан Н.П.( 36 ) од Брвеница, кој на граничниот премин Табановце претходно бил лишен од слобода за издржување на казна затвор од 2 години и 6 месеци за кривично дело „тешка кражба“.
- Н.П. во текот на денот ќе биде предаден за издржување на казната во КПУ „Идризово“, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор
-
НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис
-
У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б дивизијата
-
Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд
-
Јокиќ постави рекорд во НБА
-
40 годишник од Штип возел со 1,77 промили алкохол во крвта без положен возачки испит
-
Здружение за заштита на потрошувачи во Србија повикува на месечен бојкот на трговски синџир
-
Посебен режим на сообраќај во дел од град Скопје поради излевањето на Маркова река