Приведени уште шест лица за убиството во Мала Речица - дел сами се предале
Полицијата вчера привела уште шест лица поврзани со оружениот инцидент во Мала Речица. Дел од нив се приведени, а некои сами и се предале на полицијата.
Како што потврдија од МВР за МИА, лицата се во Секторот за внатрешни работи во Тетово.
Досега беа приведени четири лица и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.
Во оружениот инцидент што се случи во четвртокот во Мала Речица, беше убиено едно лице, а пронајдени осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.
Во инцидентот беше повреден Н.Р. (46) од село Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од село Черкези, Кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје и С.Р.(41) од село Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник