Македонија
21. September 2017 - 11:33

Приведено едно лице за настаните во Собранието од 27 април

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска го привела лицето И.Ј. (47) од Куманово, за учество во настаните што се случија на 27 април во Собранието на Република Македонија.

- На 21 септември 2017 година од страна на овластени службени лица при Секторот за внатрешни работи Куманово по претходна наредба од 16 мај 2017 година на Основно Јавно Обвинителство Скопје во врска со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија е приведено лицето И.Ј. (47) од Куманово поради основано сомневање за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие" казниво по чл.384 ст.1 од КЗ на РМ, се вели во соопштението од МВР.

Од полицијата информираат дека за ова лице постои централен распис од СВР Скопје-Оддел за насилен криминал за основано сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело" казниво по чл.385 од КЗ на Република Македонија, како и локален распис од СВР Скопје-НККР Бит Пазар година за основано сомневање за сторено КД „Разбојништво" казниво по чл. 237 од КЗ на РМ.