-->
-->
Приведено лице од Битола за изнуда
-->

На 14.09.2025 во 17:25 часот во трговски комплекс на ул.„Климент Охридски“ во Битола, во заедничка и координирана акција на Основното јавно обвинителство Битола и на СВР Битола, од слобода е лишен Д.Г.(42) од Битола поради сомнение за извршено кривично дело „изнуда" казниво по член 258 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека во текот на 2024 и на 2025 година во повеќе наврати со закани барал пари од лице од Битола за различни услуги и потреби. По преземени мерки и активности, тој е затекнат при примање на пари од лицето, по што е лишен од слобода и приведен. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
