Македонија
12. September 2023 - 11:19

Приведено лице од гостиварско за доиздржување казна затвор, кај него пронајден и кокаин

На 12.09.2023 околу 03.20 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 38-годишниот А.Б. од гостиварска Симница.

За него била распишана потерница за доиздржување на затворска казна од 1 година и 8 месеци. Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор  „Идризово“ за доиздржување на казната.