Македонија
6. July 2022 - 15:29

Приведено лице за издржување казна затвор од две години

Во скопското село Катланово денеска во 12.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода С.А. (64) од Kосово, со живеалиште Скопје.

Таа, како што соопшти МВР, била барана по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 131 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.