Македонија
21. December 2018 - 10:31

Приведување на скопскиот аеродром: Косовец и Косовка со фалс документи сакале да отпатуваат од државава

Вчера во 17.40 часот на Граничен премин - Аеродром Скопје на излез од РМ, се пријавил да патува Л.Д.(27) од Косово и при извршена проверка утврдено било дека француската лична карта која ја поседува лицето била фалсификувана.

Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Истиот ден, во 17.10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје на излез од РМ се пријавила да патува B.A.(26) од Р.Aлбанија и при проверка констатирано било дека истата користи туѓа патна исправа. Подоцна кажала дека се вика С.П.(21) од Косово. Приведена е за понатамошна постапка.