Македонија
2. November 2016 - 12:24

Привршува есенската сеидба во Крива Паланка и Pанковце

Сеидбата на дел од житните култури во Крива Паланка и Ранковце е завршена, информира Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 
Со годишниот план за есенска сеидба се предвидени 1.670 хектари од кои досега се засеани 1.310 хектари или 77 отсто. 
 
Комплетно е завршена сеидбата на р’ж со посеани 80 хектари од страна на индивидуалните земјоделци. Од планираните 830 хектари јачмен, 645 се засеани и тоа 550 од индивидуални земјоделци, додека 95 хектари земјоделскитe претпријатија, a од вкупно планирани 700 хектари, пченица е посеана на 525 од кои 450 хектари кај индивидуални земјоделци и 75 земјоделските стопанства.