Балкан
21. јуни 2022 - 10:43

Приврзаници на ВМРО го блокираа влезот од куќата на Петков | ВИДЕО

Приврзаници на ВМРО утрово го блокираа влезот од куќата на премиерот на Бугарија, Кирил Петков.

Европратеникот Ангел Џамбазки објави снимка на социјалните мрежи и праша кога премиерот ќе поднесе оставка.

„Причината поради која сме тука е тоа што сакаме да слушнеме одговор на прашањата кои се важни во однос на надворешната политика кон Македонија“, вели Џамбазки.