Ракомет
14. November 2015 - 16:09

Признание од ЕХФ за РФМ за ТОП организација на европско натпреварување

На денешниот конгрес во Букурешт, челните луѓе на ЕХФ му врачија признание на Генералниот Секретар на РФМ, Филип Милошевски, за особен придонес во ракометот низ организацијата на Европските Првенства.
 
Наградата на Милошевски му ја врачија Претседателот на ЕХФ, Жан Брио и Генералниот Секретар на ЕХФ, Мајкл Видерер, препознавајќи ја Ракометната Федерација на Македонија како „ТОП организатор на европски натпреварувања“.
 
Потенцирајќи на добрата организација на последното женско Европско Првенство до 17 години што летово се одржа во Скопје, Македонија стана само 15-та земја во Европа што во историјата го добила овој престижен епитет.