-->
-->
Пробивање и асфалтирање полски патишта во Кочанско
-->

Општините Кочани и Зрновци, согласно програмата за пробивање и изградба на полски патишта за полесен пристап на земјоделците до нивите и растоварување на сообраќајот од товарни возила од регионалните патни правци во овој дел од државата, пристапија кон асфалтирање на неколку патни правци.
Со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во месноста Слатина, кочанско, се извршуваат земјени работи и ќе се тампонира пат меѓу оризови ниви.
- За оваа активност се наменети 1 милион 164 илјади денари. Патот ќе биде широк 2,5 метри, а долг 987 метри. Работите ги изведува претпријатието „Калина“ - Сошти, изјави Влатко Димитров, помошник-раководител на Секторот за уредување на градежното земјиште во општина Кочани.
Во општина Зрновци се пробиени два патни правци од кои едниот во село Мородвис во должина од 700 метри е веќе асфалтиран. - За неговата реализација се инвестирани 3.200 илјади денари, средства обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој, вели Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
Станков информира дека во општината е пробиен и тампониран уште еден патен правец во должина од 1.800 метри кој од Зрновци преку полето води до Индустриската зона на Виница. Средствата во висина од 1 милион и 200 илјади денари општината ги обезбеди преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
