Проблеми во воздушниот сообраќај во САД поради снег и студ
Илјадници летови беа одложени или откажани денеска поради студен бран, температури под нулата и снег кои зафатија голем дел од САД. До 14 часот доцнеле 5. 067 летови до или од САД, а откажани се 2.
154, соопшти агенцијата за следење на летови Флајт-Авер. Многу прекини има на аеродромите на средниот запад и западот, но и на некои аеродроми на југ.
Во Колорадо, на меѓународниот аеродром во Денвер 25 отсто од летовите биле одложени, а 17 отсто откажани.
На меѓународниот аеродром во Канзас Сити 27 отсто од летовите биле одложени, а 15 отсто откажани.
Во Тенеси, на меѓународниот аеродром во Нешвил, 23 отсто од летовите биле одложени, а 30 отсто откажани.
Во Тексас, на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт 34 отсто од летовите биле одложени и 13 отсто откажани, додека 25 отсто од летовите биле одложени и 20 отсто откажани на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон.
На меѓународниот аеродром во Чикаго О’Хер 29 отсто од летовите биле одложени, а 11 отсто откажани, додека на меѓународниот аеродром Чикаго Мидвеј 17 отсто од летовите биле одложени, а 29 отсто откажани.
Во Њујорк, на меѓународниот аеродром Бафало Нијагара, 13 отсто од летовите биле одложени, а 21 отсто откажани. На аеродромот ЛаГвардија во Њујорк доцнеле 19 отсто од летовите, а три отсто се откажани.
Во Вашингтон, на националниот аеродром Реган, 38 отсто од летовите биле одложени, додека 10 отсто биле откажани.
На меѓународниот аеродром Вашингтон Далс 29 отсто од летовите биле одложени, а три отсто откажани.
Ново на Сител
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации