Процедурата за вадење пасоши во Минхен скратена од 6 месеци на три недели
Базната станица за издавање патни исправи во Генералниот конзулат на Македонија во Минхен успешно функционира. Досега аплицирале 470 наши државјани, 380 патни исправи се изготвени и доставени до генералниот конзулат, а 252 веќе се подигнати, соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР).
-Нашата дијаспора во Минхен одава признание на брзата постапка и олеснетата процедура за добивање на патни исправи – „Многу брзо оди постапката за издавање на пасошот.” „Денеска со сопругот ги подигнавме пасошите. Готови се за месец дена со брзата постапка.” „Сѐ е во ред, се оди со термин. Многу брзо сѐ се завршува“, се наведува во соопштението на Министерството.
За нововоспоставената базна станица во Минхен се изјасни и генералниот конзулот Реџеп Демири, кој посочи дека во разговор со нашите граѓани дознале оти тие ја поздравуваат оваа одлука и многу се благодарни што процедурата за добивање нова патна исправа не трае шест до девет месеци, туку три до четири недели.
Денеска освен во Минхен, базните станици функционираат и во Чикаго, Њу Џерси, Бон, Берлин, Берн, Љубљана, Виена и Лондон, како и мобилните станици во Стокхолм, Брисел, Мелбурн, Торонто и Венеција.
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
