Прочистувачи во градинките во општина Кисела Вода

Во градинките на територијата на општина Кисела Вода се поставуваат прочистувачи за воздух. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ја посети градинката „Синоличка“ при ЈДГ „Весели цветови“, една од градинките каде што веќе се поставени пречистувачи.
Како што соопшти Општина Кисела Вода, при посетата, таа разговарала со вработените за значењето на оваа мерка, која директно придонесува за подобрување на условите за престој, како и за заштита на здравјето и благосостојбата на најмладите.
Покрај во градинките, прочистувачи за воздух се поставени и во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, како и во ПОУ „Кузман Јосифовски – Питу“.
-Оваа активност е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за создавање почиста и поздравa животна средина, особено во објектите каде што секојдневно престојуваат деца и млади. Општина Кисела Вода и претходно презеде низа конкретни чекори во оваа насока, посочуваат од Општината.
Оттаму додаваат дека прочистувачи за воздух биле поставени во сите училници во сите основни училишта на територијата на општината, како и во поголемите паркови, со цел да се подобрат условите за престој и секојдневно функционирање на граѓаните.
-Грижата за здравјето на нашите најмлади е еден од нашите највисоки приоритети. Со поставувањето на пречистувачи за воздух во градинките, училиштата и спортските објекти, создаваме поздрави услови за престој и развој на децата. Ова е дел од стрстегијата на Општина Кисела Вода за почиста животна средина и за подобар квалитет на живот за сите наши сограѓани, заложба од која нема да отстапиме, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
МИА
Ново на Сител
-

Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети
-

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минималец
-

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
-

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ одби покачување на платите
-

СЗО: Низок ризик од ширење на вирусот Нипах надвор од Индија
-

Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
