Бизнис
27. May 2016 - 14:17

Продажни цени на индустриски производители

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а пониски за 0,2 отсто на  годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во април 2016, во споредба со март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,5 проценти, Интермедијарни производи, освен  енергија и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто, додека во групата Капитални производи се непроменети.

Во април 2016, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3 проеценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.