Продажни цени на индустриски производители

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а пониски за 0,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во април 2016, во споредба со март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,5 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто, додека во групата Капитални производи се непроменети.
Во април 2016, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3 проеценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
