Балкан
29. January 2025 - 15:16

Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад

Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот за уште 30 дена на осомничените за уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Предлог за продолжување на притворот е поднесен против сите десетмина осомничени на кои со судска одлука минатиот месец им беше одреден притвор.

Неодамна беше поднесен обвинителен акт и против 13 лица.

Двајца осомничени се во куќен притвор, а поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ се брани од слобода откако му беше укинат притворот.