Продолжен рокот за училиштата кои не поднеле барање за субвенционирана електрична енергија
– Тоа е проблем што училиштата, директорите или не знам кои не ја испочитувале обврската. Ние ќе им овозможиме дополнително да се вклучат, но на овој начин се губат непотребни пари. Се плаќа поскапа енергија при можност да платат помалку, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов одговарајќи на новинарско прашање за училиштата кои се уште не поднеле барање за субвенционирана електрична енергија.
Според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во Општината нема таков случај, а директорите биле навреме информирани.
-Добро е што ќе се продолжи рокот како што кажа министерот и доколку има ситуација некое училиште од оправдани причини да не аплицирало за субвенционирана струја, секако дека тоа ќе биде направено, рече струмичкиот градоначалник.
Тој ја потенцираше, како што рече, храбрата одлука на Советот на Општина Струмица да се посегне кон задолжување за изградба на првата фото напонска централа во сопственост на Општината и со тоа локалната самоуправа да биде енергетски независна со што ќе се генерираат заштеди за инвестирање во капитални инвестиции.
Ново на Сител
-
Перински: Јавниот повик за општините веднаш по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра
-
Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје
-
Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро
-
Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово | ФОТО
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО