Продолжена кризната состојба на северната и јужната граница

Собранието денеска ја донесе одлуката со која се продолжува кризната состојба на подрачјата на јужната и на северната граница на Македонија заради мигрантската криза до 31 декември годинава.
Како што образложи минситерот за одбрана Зоран Јолевски рече дека Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба е поради зголемен обем на влез и транзитирање мигранти низ територијата на Република Македонија а врз основа на Предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.
Целта е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како позитивна која е во насока на мирот и безбедноста на Република Македонија основана и втемелена на состојбите во кои се наоѓа Македонија и поширокиот регион. - Потребно е ангажман и на армијата и на полицијата на јужната и северната граница бидејќи се работи за голема криза со која добро се справуваат припадниците на армијата и полицијата, рече Ѓорчев.
Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба не доби поддршка од претеничката група на ДУИ. Талат Џафери рече дека тие нема да ја поддржат и нема да учествуваат во гласањето.
Според него, постои одлука за кризна состојба до 15 јуни и оти нова одлука треба да донесе новиот парламентарен состав, а дотогаш постојат законски можности за постапување на институциите.
Првата одлука Владата за кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија беше донесена во август лани, со важност од 30 дена, по што следеше продолжување на рокот до 15 јуни годинава.
Собранието ќе ја продолжи работата по утврдениот дневен ред по паузата што ја побара координаторот на пратеничката група на ДУИ за да ги добијат стенограмите кои се однесуваат на оваа точка на дневен ред.
Ново на Сител
-

Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки
-

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување, да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
-

МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
-

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“
-

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој
-

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе
-

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки
-

Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден, нашата со задача да ја зачува државата
