ОН: Продолжи евекуацијата од источниот дел на Алепо

Евакуацијата на цивилите и бунтовничките борци од источниот дел на Алепо беше обновен вечерва, соопшти доцна синоќа претставник на ОН од седиштето на Организацијата во Женева.
- Евакуацијата е во тек. Автобуси и амбулантни возила во моментов го напуштаат Алепо, соопшти истиот извор.
Тој нагласи дека евакуацијата била возобновена околу 23 часот по локално време, откако претходно беше прекината во доцните попладневни часови.
Обновата на евакуацијата од Алепо ја потврди и Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, кој соопшти дека сириската армија и нејзинините сојузници им дозволиле на пет автобуси и две амбулантни возила да го напуштат источниот дел на Алепо и да пристигна до блиското село Ел Рашидин.
Центарот соопшти дека евакуацијата е обновена по четиричасовен прекин.
Претставникот на ОН од Женева информира и дека засега нема информации дали започнала планираната акција за евакуација на жителите на две шиитски села во близината на Идлиб, кои се опколени од бунтовничките сунитски сили.
Би-Би-Си меѓутоа јави дека од овие две населени места веќе заминале најмалку 350 лица, кои во конвој се упатиле кон запад до територии под контрола на владините сили.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
