Продолжи судењето за смртта на малата Тамара
Со презентација на редоследот на доказите на Јавното обвинителство денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за смртта на малата Тамара од Велес.
Пред почетокот на судењето адвокатот Марјан Гавриловски побара објаснување од Судот зошто за обвинетата Елена Трпкоска, за која е издвоено судењето поради нејзината здравствена состојба, вчера се одржало прво рочиште.
Одбраната на обвинетите побара Судот да се произнесе за спојување на постапката, со образложение дека се работи за исти докази и оти се сомневаат за издвојувањето и причините за тоа.
На минатото рочиште откако беше прочитано обвинението, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
За овој предмет, според соопштението од ОЈО Скопје, обвинети се членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ.
Малата Тамара Димовска во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.
Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.
Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија
Ново на Сител
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
-

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти

