-->
-->
Продолжува акцијата „Општина без смет за поубав свет” во Крива Паланка
-->
На повеќе локации во Крива Паланка денес се чистеа диви депонии и смет во рамки на еколошка акција „Општина без смет за поубав свет” која локалната самоуправа на општината ја реализираа во соработка со јавното претпријатие „Комуналец“ и граѓаните- волонтери.
И денеска беше отстрането голема количина пластика, хартија, отпад и шут од бројни локации во населбите: Метеоролошка, Баглак, Чука и Бавч’лк.
– И оваа недела ја продолживме акцијата што почна пред две недели, ова е трета недела во која во соработка и ЈП “Комуналец”, поддржани од месното население и граѓанските здруженија, волонтери и екологисти ја реализираме најмасовната акција за расчистување во градот досега. Покрај расчистување, денес во соработка со Јавното претпријатие “Македонски Шуми” се спроведе и акција за пошумување на опожарениот дел во населба Баглак, над базенот за вода, во висока зона, десен брег на Крива Река, изјави градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
На денешната акција присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Здружението на пензионери од градот се вклучи во активностите со расчистување на околината на просториите на здружението,кај Кадиска чешма, каде засадија и пролетни цвеќиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка