Продолжува да расте бројот на заболени од Ковид-19, да се почитуваат мерките за заштита
Нови, досега рекордни кај нас, 317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Во болнички услови починати се четири пациенти и тоа еден од Скопје (59 г.), еден од Струга (65 г.), и двајца од Гостивар (71 г. и 76 г.). Регистрирани се 104 оздравени пациенти.
Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772. Бројот на активни случаи изнесува 2.892, најмногу во Скопје 1.166, во Струмица 185, во Кочани 183, во Тетово 168, во Куманово 166, во Прилеп 138…
Во болниците од Ковид-19 во монетов се лекуваат 405 пациенти, од кои 48 се на кислородна поддршка, а тројца на респиратор.
.Досега во земјава се направени вкупно 199.372 тестирања.
Надлежните и натаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои вклучуваат носење заштитна маска, држење дистанца, избегнување групирања и миење или дезинфекција на рацете.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар