Продолжува конститутивната седница на косовскиот Парламент
Претседавачот со косовскиот Парламент, највозрасниот пратеник, Адем Микуловци, од движењето „Самоопределување“, за денеска во 11 часот го закажа продолжението на конститутивната седница на косовскиот Парламент.
Одлуката, како што изјави Микуловци, ја донел по барање на коалицијата ПАН (Демократската партија, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово).
- Да, ќе се одржи седницата. Таа е закажана за 11 часот и ја свикав по барање на ПАН, изјави Микуловци за приштинскиот весник „Експрес“.
На седницата, според дневниот ред, предвиден е избор на претседател и пет потпретседатели на законодавниот дом. Единствен кандидат за претседател е лидерот на демократите Кадри Весели, кој на оваа функција беше и во изминатиот мандат.
Предвремените парламентарни избори во Косово се одржаа на 11 јуни.
Првата конститутиивна седница на Парламентот се одржа на 3 август, на која само беа верификувани мандатите на 120 пратенци, по што беше прекината. Потоа уште неколкупати беше закажано продолжение, но без успех.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници