Продолжува потрагата по исчезнатиот охриѓанец, ангажирани полициски кучиња

Повеќе полициски службеници од СВР Охрид се вклучени во преглед и пребарување на теренот околу селото Велестово со цел пронаоѓање на лицето К.Ф. (64) од охридското село Рача кој синоќа во 18 часот, од страна на неговото семејство беше пријавен за исчезнат.
Овие посебни полициски активности, СВР Охрид ги отпочна набрзо после пријавувањето и беа насочени кон месноста „Крстец“ атар на селото Велестово. Претресот на планинскиот дел со бујна вегетација траеше до 1 часот и 30 минути утрово, а продолжија и денес.
-Во посебните полициски мерки за преглед и претрес на терен во потрага по исчезнато лице, денес ќе бидат ангажирани и службени полициски кучиња за потрага на лица од соодветната полициска единица при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, соопштуваат од СВР Охрид.
Прегледот и претресот на терен се одвива во содејство со единицата за интервенции и спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид како и со месно население од селото Рача.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
