Продолжува рочиштето за казните на осудените од Златна зора
Претпладнево во атинскиот суд продолжува рочиштето за казните за осудените во процесот против Златна зора, откако во средата беа прогласени за виновни за криминална организација.
Во текот на вчерашниот ден, адвокатите на обвинетите ги презентираа нивните аргументи во барањата за ублажување на казните, а откако вчера, рочиштето беше прекинато во 19 часот, продолжува денеска во 11 часот.
За седуммината осудени за водење на криминална организација, односно за лидерот на Златна зора и уште шест поранешни пратеници, обвинителката вчера ги отфрли барањата на адвокатите за ублажување на казните.
Казните за осудените ќе бидат соопштени откако ќе завршат излагањата на сите адвокати, а со оглед на тоа дека станува збор за обемен предмет со над 60 осудени лица, процените се дека можеби за соопштувањето на казните ќе биде потребно уште едно рочиште, веројатно во понеделник.
Никос Михалољакос, лидерот на партијата и шест поранешни пратеници се соочуваат со затворска казна од пет до 15 години, додека пак 13 други членови на Златна зора, виновни за учество во криминална организација може да добијат од пет до десет години затвор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
