Продолжува Седмата годишна конференција на НБРМ во Охрид

Вториот работен ден од Годишната конференција што во организација на Народната банка на РМ се одржува во Охрид ќе почне со воведно предавање на гувернерот на Централната банка на Белгија кој ќе даде личен осврт на основната тема на собирот - „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“.
Во рамки на продолжението на Конференцијата се предвидени и две панел-дискусии. Првата ќе ја водат гувернерите на централните банки од Македонија, Белгија, Хрватска, Албанија и на Косово кои ќе зборуваат за новиот глобален циклус и нормализирањето на монетарната политика.
Втората панел-дискусија е резервирана за излагањата на регионалниот резидентен претставник на ММФ за Централна и Источна Европа, директорот на Здружениот институт од Виена и вицегувернерот од Банката на Словенија, на тема „Капиталните текови - изгледите и ризиците на регионот“.
Според најавата, напладне се предвидени изјави на гувернерот на НБРМ Димитар Богов, неговите колеги од Белгија и Хрватска, Јан Сметс и Борис Вујичиќ, Петер Санфеј од Европската банка за обнова и развој, Бас Бекер од ММФ, како и Томас Ричардсон од „Заедничкиот Виена институт“.
На собирот во Охрид учествуваат претставници на централните банки на држави од ЕУ и пошироко, на Европската централна банка, на финансиски и државни институции, како и професори на академски институции од повеќе држави. Конференцијата претставува одлична можност за размена на искуства со претставниците на пошироката меѓународна заедница за клучни прашања од областа на макроекономијата, монетарната политика и финансиската стабилност, како за претставниците на НБРМ, така и за домашните банки и другите финансиски институции.
Со конференцијата во Охрид се одбележува годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
