Продолжува штрајкот на грчките морнари, земјоделците не попуштаат со блокадите

Грчките бродови ќе останат закотвени во пристаништата и денеска и утре, откако синдикатот на морнарите свика нов 48-часовен штрајк во знак на протест против владините планови за пензиските реформи, јави дописникот на МИА од Атина.
Синдикатот на морнарите (ПНО) утре ќе одржи состанок на кој ќе одлучи за понатамошните акции, а веќе е донесена одлука морнарите да се приклучат на генералниот штрајк на национално ниво кој ќе се одржи на 4 февруари, во знак на протест против планираните реформи за социјално осигурување.
Штрајкот на ПНО предизвикува големи проблеми на островите во источниот дел на Егејското море каде секојдневно пристигнуваат илјадници мигранти и бегалци од Турција.
Во меѓувреме, продолжува и протестот на земјоделците кои и денеска ќе ги блокираат главните патишта во Грција и граничните премини. Блокадите ќе бидат поставени од 12 до 14, и од 18 до 21 часот по локално време на различни патишта во земјата.
Земјоделците се закануваат дека ќе го блокираат и патот до меѓународниот аердором во Атина и веќе имаат распоредено трактори на пет локации во областа.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
