Продолжува скринингот во градинките, досега двајца позитивни на Ковид-19
Двајца позитивни на Ковид-19 се откриени досега во скринингот на вработените во градинките.
До вчера, според објавената статистика на Министерството за здравство, направени се 1340 тестови во градинките, а само во изминатото деноноќие 209. Потврдени се двајца заразени, еден во Битола и еден во Скопје.
Скринингот во градинките почна на 13 мај и со него се опфатени околу 2.000 вработени. Целта е изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.
Министерот за здравство Венко Филипче неделава најави дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.
Не прецизира кога кога се планира отворање на градинките, но кажа дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа.
Градинките во земјава се затворени од 10 март со владина одлука поради пандемијата на Ковид-19.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
