Продолжува соработката меѓу општината Новаци со Алмопиа од Грција

Претставници на општина Новаци и општина Алмопиа денеска го одржаа вториот координативен состанок за прогресот и текот на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“, што го реализираат двете локални самоуправи и други партнерски организации.
Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски информира дека на денешната средба дискутирале за понатамошното продолжување на меѓусебната соработка меѓу двете погранични општини и за заедничко аплицирање на првиот повик од програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2014 – 2020 година.
- На состанокот разговаравме за тековните активности, досегашното имплементирање на проектот кај двата партнери Новаци и Алмопиа, проблемите и предизвиците со кои се соочуваме при реализацијата, а секако посебен осврт беше ставен на активностите кои треба да се имплементираат до крајот на овој проект. Заедничките активности се поврзани со школата за фотографија, конкурсот за најубави фотрографии, џип тура, тура со велосипеди и планинарење низ Скочивирскиот дел од наша страна. Исто така зборувавме и за школата за архитектура, средбата на блогери и новинари која треба да се одржи во Алмопиа, истакна Котевски.
Проектот „Жива историја, жива природа 2“ е втор проект кој општините Новаци и Алмопиа го имплементираат од програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007 – 2013.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
