Продолжува судењето за „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра

Судењето за предметот „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра, продолжува денеска во судницата на КПУ Идризово.
Судењето, првично, требаше да продолжи на 21 август, но беше одложено за денеска. Причина за одложувањето, како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, беше одобрувањето на обвинителниот акт против Б.Н., како продолжение на истрагата, како и предлогот за спојување на обвиненијата.
- Со оглед да обвинителниот акт со КОК ООА 47/25, кој претставува продолжение на истрагата за конкретниот предмет, беше одобрен и доставен до судечкиот совет во текот на денешниот ден, како што и информиравме во претходното соопштение, а со кој предлог обвинителството воедно има доставено и предлог за спојување на двете постапки, заради економичност и ефикасност на постапката, а како и не би се направиле непотребни трошоци за спровод на дел од обвинетите, потребно е време советот да се запознае со списите од предметот, како и произнесувањето на одбраната во однос на истото, и да одлучи по предлогот за спојување, соопши Основниот кривичен суд Скопје.
Истрагата за „Адитив“ опфаќа над 30 лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, а обвиненијата вклучуваат злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.
МИА
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
