Продолжува судењето за организаторите на „27 април“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.
На денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца сведоци, предложени од одбраната на Миле Јанакиески, по што ќе бидат изведени материјални докази, меѓу кои и видео материјали од системот Смарт сити.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
