Продолжува судењето за „Поткуп“
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.
На претходното рочиште што траеше шест и пол часа, беше сослушан струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, како сведок во овој случај.
Сачевалиев рече дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била целосна. Тој пред судот посочи дека откако ја имал опремата за снимање на него, го наведувал Заев да го каже тоа што е прикажано на снимката.
Интегралната снимка за „Поткуп“, како што беше најавено, требаше да биде пуштена на минатото рочиште, но Судот реши тоа да не се прави по забелешката од Јавното обвинителство дека станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот.
Сачевалиев на почетокот на рочиштето тврдеше дека премиерот Зоран Заев му побарал поткуп за приватизација на државно градежно земјиште. Но, подоцна кажа и дека не дал ниту евро на семејството Заеви.
На прашање на судијата дека пред Судот ги менувал исказите во врска со изјавите што ги давал пред Јавното обвинителство, како и за тврдењата на адвокатите дека три пати давал изјава во Обвинителството, Сачевалиев одговори дека се сеќава оти потпишал два записника, а дека третиот првпат го гледал.
Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.
Ново на Сител
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп