Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Со испитување на вештите лица од одбраната, во Основниот кривичен суд во Идризово денеска треба да продолжи судската расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На вчерашното рочиште, вештото лице Викторија Будимовска Секуловска изјави дека, според податоците со кои располагале, во периодот од 2012 до 2025 година во дискотеката не била извршена инспекциска контрола од инспектор за противпожарна заштита. Таа посочи и дека во објектот бил поставен само еден план за евакуација, додека главната влезно-излезна врата не ги исполнувала условите за противпожарна врата.
Во судницата исказ даде и вештото лице Маријана Лазаревска, која оцени дека сунѓерестата облога во објектот придонела за брзото ширење на пожарот, нагласувајќи дека објектите треба да бидат проектирани така што ќе обезбедат безбедност и во услови на пожар.
Со распитот на тимот вештаци од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството, по што одбраната треба да започне со изведување на своите докази.
Во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Според обвинението, трагедијата била предизвикана од сериозни пропусти во исполнувањето на безбедносните и противпожарните стандарди во објектот.
МИА
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
