Продолжува судењето за предметот „Ласкарци“
Во Кривичниот суд – Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Ласкарци”, кој се однесува на автобуската несреќа што се случи пред две години во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени.
Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.
Обвинети се Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс”, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.
Автобуска несреќа се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинаа 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.
Ново на Сител
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
